Франција и ЕУ се блиску до договор за спас на „Ер Франс“

- Advertisement -

Франција и ЕУ се блиску до постигнување договор за спас на „Ер Франс“, потврди денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

-Се приближуваме до договор, прашање е на денови, рече Ле Мер и додаде дека треба да има отстапки за да се обезбеди фер конкуренција.

- Advertisement -

“Не станува збор за затворање на линии или укинување на договори. Потребни се отстапки за да се обезбеди фер конкуренција меѓу „Ер Франс“ и другите превозници”, додаде министерот Ле Мер.

Францускиот дневен весник „Монд“ во петокот објави дека француската Влада и Европската комисија се блиску до постигнување договор за условите за спас на „Ер Франс“.

- Advertisement -

Со очекуваниот договор „Ер Франс“ треба да отстапи помалку слотови на аеродромите во својата база во Париз од првичниот број што го побара Комисијата, особено на аеродромот Орли.

Групацијата „Ер Франс-КЛМ“ минатата година имаше чиста загуба од 7,1 милијарди евра.

- Advertisement -

Таа доби заеми и гаранции од Франција и Холандија во износ од 10,4 милијарди евра, а преговара за државна докапитализација со европските регулатори кои бараат отстапки за аеродромите во Париз и Амстердам. сд/

Сподели!
- Advertisement -