Ирска ќе забрани продажба на нови бензинци и дизелаши до 2030 година

- Advertisement -

Ирска најави дека ќе ја забрани продажбата на нови бензинци и дизелаши до 2030 година во рамките на новиот план за решавање на прашањето со климатските промени. Ирската влада се надева дека дотогаш по патиштата во земјата ќе има 950.000 електрични возила, со поддшка од целосна мрежа од полначи за електрични автомобили.

Оваа мерка е една од вкупно 180 предлози кои се однесуваат на бизнисите, градежништвото, сообраќајот, земјоделството и менаџирањето со отпадот, а целта е Ирска до 2050 година да достигне нула емисија на штетниот јаглерод диоксид.

- Advertisement -

„Нашиот пристап е да се поттикнат луѓето и компании да го сменат своето однесување и да се прилагодат на новите технологии преку субвенции, дестимулација, прописи и информирање.Целта ни е да прераснеме во општество кое ќе има ниска емисија на стакленички гасови и нема да има штетно влијание врз климата. Тоа е причината за да преземеме акција и да се бориме за спас на нашата планета“ велат од ирската влада.

Тие се надеваат дека ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на струја од сегашните 30% на 70% до 2030 година. Акциониот план за климата вклучува и забрана на употребата на видовите пластика кои не можат да се рециклираат и поголем надомест за производството на материјали кои тешко се рециклираат.

Сподели!
- Advertisement -