Влез во Грција по 14 мај со сертификат за вакцина или негативен ПЦР тест

- Advertisement -

„Утрово грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис ме извести дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ за македонските граѓани“, објави министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук.

Според Филипче, граѓаните кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за КОВИД-19.

- Advertisement -

„Искрено се надевам дека оваа одлука нема да се промени заради евентуална промена на епидемиолошката состојба во двете земји“, напиша Филипче.

Тој додава дека во следните денови ќе ги договараат деталите околу усогласување на сертификатите за вакцинација.

Сподели!
- Advertisement -