Долго време се шпекулира дека Xiaomi планира да го прошири бизнисот, но сега е и официјално потврдено дека овој кинески гигант тргнува во нови походи. Како што објавија на берзата во Хонг Конг, почнуваат со работа во сегментот паметни електрични возила.
Дека Xiaomi не одлучи набрзина да влезе во светот на електричните возила зборува податокот дека спровеле ригорозно и сеопфатно истражување на индустријата за електрични автомобили во изминатите 74 дена, имале 85 состаноци со над 200 експерти од индустријата, четири интерни расправи за управувањето и два состаноци на одборот.
Уште претходно основачот и претседател на Xiaomi, Леи Јун, најави дека овој сегмент ќе боде под компанијата-ќерка која е во целосна сопственост на Xiaomi со почетна инвестиција од 10 милијарди кинески јуани, а во план е во текот на наредните 10 години да инвестира вкупно 10 милијарди долари.
„Одлуката е донесена после повеќе ветувања и ова ќе биде последен голем проект во мојот живот. Спремен сум да ја изложам сопствената репутација и да се борам за иднината на нашите паметни електрични возила. Одлучен сум во тоа да водам свој тим во борбата за успехот на електричните возила“ изјави Леи Јун.
Во интерно писмо до вработените Леи Јун ги наброи предностите кои ги има Xiaomi кога е во прашање производството на автомобили. Меѓу другото, Xiaomi има најопсежно искуство во интеграцијата на софтверот и хардверот и најдлабоко производно знаење во интернет индустријата, паметен екосистем кој е најголем, најразнолик во поглед на категоријата на производи и најактивен во поглед на корисничките врски, бројни темелни технологии кои може да се применат во бизнисот со паметни електрични возила, ни и големи парични ресурси кои му овозможуваат на Xiaomi инвестиции во безбедноста на автомобилите.
Уште не е познато кога би биле готови првите паметни електрични автомобили на Xioami, но со оглед на големата конкуренција на пазарот, тоа може да се случи многу брзо.
(AFP)
(фото: )