Како изгледа возењето на Марс? Од прва рака објаснува човек кој тоа го прави секој ден

- Advertisement -

Иако луѓето уште некое време нема да зачекорат на Марс, веќе оставија трајни траги на Црвената планета. Сондите кои ги испитуваат временските услови, сеизмичката активност, но бараат и вода и траги на живот се движат по површината на планетата. Но, движењето на Марс е многу поинакво од она на што сме навикнати на Земјата, а тоа најдобро го знае инженерот кој пред нешто повеќе од една година ја доби честа да управува со роботското возило Curiosity по површината на Марс. Тој се вика Еван Хилгеман и за медиумите го опиша своето искуство од возењето на возилото по површината на Марс.

Првото што треба да го знаеме е дека Марс е навистина далеку. Радиосигналот патува и до 22 минути до Марс, па управувањето со возилото во реално време е невозможна мисија. Curiosity прима информации од Земјата само еднаш дневно, а остатокот од времето е препуштен сам на себе. Но, роверот самиот носи само неколку одлуки, а остатокот се осмислени на Земјата, објаснува Хилгеман. Роверот мора сам да носи одлуки токму затоа што контактот со Земјата е ограничен. Во неговиот свет тоа значи дека кога и да наиде на некој проблем, застанува и чека упатства од Земјата.

- Advertisement -

Како што објаснува Хилгеман, главната задача на роверот е да се грижи за безбедноста додека го истражува Марс. Сите ровери на НАСА се опремени со камери, од кои секој сет камери создава посебна стерео слика, што значи дека може да види во 3Д она што ние го гледаме со очи. Постојат и камери за опасност на предната и на задната страна од роверот, кои препознаваат потенцијална опасност, како и навигациски камери кои може да гледаат малку подалеку.

За движењето на роверот по површината на Марс потребно е да се создаде 3Д слика од површината и потоа да се испланира патот. Проблем е тоа што камерите гледаат само 30-ина метри околу роверот, па и неговото дневно движење е ограничено на тоа растојание.

- Advertisement -

Кога го планираме движењето мора да водиме сметка за неколку работи. Подвозјето на роверот може да ги издржи премините преку камењата кои се високи и до 1 метар. Се повисоко од тоа мора да се избегне. Проблем може да биде и мекиот песок, затоа што роверот може да заглави во него, а тешкотии создаваат и малите каменчиња кои се релативно остри и можат да ги оштетат тркалата“, објаснува Хилгеман.

Откако ќе испланираат безбедна рута, мора да одлучат на кој начин ќе се навигира роверот по таа рута. Слепото возење подразбира роверот целосно да ги следи упатствата кои му се испратени од Земјата и не се прилагодува на околината. Таковото управување е најбрзо и наједноставно, но и најризично, па затоа се користи само кога роверот мора да се доведе од една до друга точка. Другиот начин на возење е визуелното возење, кога роверот на секои неколку метри застанува и ја фотографира околината. Тоа е побавно од слепото возење, но е многу попрецизно. И на крајот има и автоматско возење, кое е најслично на автономните возила на Земјата. Компјутерот самиот ги анализира фотографиите и ја планира рутата.

- Advertisement -

Како што вели Хилгеман, на Curiosity во февруари 2021 година треба да му се приклучи и роверот Perseverance. За разлика од Curiosity, Perseverance има малку понапредни опции и посилни инструменти, а освен што ќе го истражуваат светот околу себе, ќе собираат и примероци од површината на Марс кои на Земјата треба да стигнат во наредните десетина години.

(Dnevnik.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -