На Земјатаживеат отприлика 50 милијарди птици, што значи дека на нашата планета има шест пати повеќе птици отколку луѓе. Тоа се резултатите на истражувањето што го направија австралиски научници и го објавија во списанието Proceedings of the National National Academy of Sciences.
Тимот научници предводен од екологот Вилијам Корнвел од Универзитетот Нов Јужен Велс од Сиднеј во студијата користел податоци за 9.700 познати видови птици, за кои тврдат дека претставуваат 92% од сите постојни птици на Земјата.
Истражувачите комбинирале резултати од научни истражувања за поединечни врсто птици кои живеат во одредени подрачја со речиси милијарда нови податоци собрани во интернет орнитолошка база на податоци eBird, а внесени од страна на аматери.
Идејата да се избројат птиците на Земјата потекнала од фактот дека имаме некои видови птици кои исклучително добро се проучуваат, вели Корнвел, но имаме и многу обични луѓе кои патуваат по светот и собираат информации за птиците кои ќе ги видат попатно, а потоа податоците ги внесуваат во орнитолошка база.
Научниците заклучиле и дека на Земјата живеат многу мали врсти на птици и многу малку големи врсти птици. Меѓу најраспространетите видови се врапчињата, прстеноклунестите галеби, ластовиците итн.
(Zimo)
(фото: Wild Bird Revolution)