ВИДЕО: Ова е првата летачка јахта во светот

- Advertisement -

Фотографии кои се појавија на Интернет открија неверојатна летачка суперјахта која може да издржи до осуммина патници  на бранови со брзина до 74 км/ч. Хибридната дизел-електрична луксузна јахта има вграден посебен систем кој и овозможува да издржи бранови високи и до 1,5 метри.

Официјалната цена уште не е тозната, но веројатно ќе чини милиони долари. Корисниците коишто сакааат да ја купат јахтата Foiler, која ја креираше компанијата Enata Marine, со седиште во Шарџах, третиот најголем и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати. Од компанијата изјавија дека со Foiler добивате две во едно: многу удобна и луксузна јахта со високи перформанси на автомобил.

- Advertisement -

При многу лоши временски услови јахтата се движи сосема нормално, па удобно можете да пловите и во услови кога обични бродови мора да возат бавно поради брановите. Како што се зголемува брзината на јахтата четири посебни „нозе“ излегуваат од неа и ја подигнуваат над водата.

 

Сподели!
- Advertisement -