После Маск падна и Безос- модниот тајкун Бернар Арно сега е најбогат човек во светот

- Advertisement -

Најбогатиот човек во светот сега е францускиот тајкун Бернар Арно, кој на врвот на листата со милијардери го надмина и Џеф Безос. Магазинот Forbеs фо проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку богатството на Безос.

До смената на врвот на листата дојде така што Арно, кој минатата година имаше 76 милијарди долари, денес е побогат за речиси 110 милијарди долари влагодарение на неговиот бизнис со LVMH групацијата, каде што спаѓаат и брендовите Fendi, Christian Dior, Givenchy итн.

- Advertisement -

Вредноста на LVMH порасна за 0,4% само вчераутро, со што Арно заработи 600 милиони долари, а групацијата 320 милиони долари. Арно минатата недела прво му го зазеде второто место на Илон Маск, кој сега е на трето место на листата со најбогати луѓе во светот.

(Tanjug)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -