Париз ќе посади 170.000 дрвја за да ја подобри климата во градот

- Advertisement -

Париз со години е еден од градовите со екстремно загадување на воздухот, па сега главниот град на Франција одлучи да ја подобри климата со садење на 170.000 дрвја. Дрвјата ќе се садат секаде каде што има место – покрај улиците, во парковите и околу автопатите околу градот, објави градската управа.

Целта на оваа мерка е борба против климатските промени. Дрвјата ќе го апсорбираат јаглерод диоксидот, ќе го подобруваат квалитетот на воздухот и ќе придонесуваат за разладување во текот на топлите летни бранови.

- Advertisement -

Освен тоа, дрвјата се природна препрека за звучното и визуелното загадување, што го подобрува здравјето на жителите на градот и го намалува стресот. Париз моментално е еден од европските градови со најмногу зеленило – во самиот град има околу 200.000 стебла, а уште околу 300.000 има во урбаните шуми Булоњ и Венсен.

Дополнителните дрвја треба да бидат посадени до 2026 година. Во првата фаза од садењето 2020 до 2021 година веќе се посадени околу 14.000 стебла. За таа цел градот има сопствен расадник на дрвја. Од безбедносни причини ќе мора да се срушат помалку од 1,5% од дрвјата, велат од управата.

- Advertisement -

Од 2014 година досега Париз ја следи својата популација на дрвја со помош на автоматизиран систем, каде што секое стебло има своја дигитална лична карта и се прегледува годишно. Дрвјата долж улиците во градот во просек не се постари од 80 години.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -