Дански научници ги поттикнуваат луѓето на вакцинација со помош на видеоигри

- Advertisement -

Дански истражувачи користат виртуелна реалност за да поттикнат на вакцинација против КОВИд-19, и тоа преку игра за маневрирање низ мноштво луѓе заразени со вирусот на градскиот плоштад.

Во експеримент на Универзитетот во Копенхаген учесниците носеле очила за виртуелна реалност и играле игра во која биле во улога на стара личност која се шета по плоштад и ги избегнува минувачите облечени во црвено, кои се заразени со КОВИД-19. Вакцинираните ликови во играта биле облечени во сина боја.

- Advertisement -

Учесниците потоа изјавиле дека чувството било исто како навистина да се таму и дека некои од одлучиле потоа да се вакцинираат против КОВИД-19.

Од слични студии знаеме дека откако ќе го поминат тоа искуство во виртуелна реалност, кај учесниците се забележува поголема намера да се вакцинираат. Тоа веќе го забележавме со КОВИД-19“ изјави Роберт Бом, професор по психологија на Универзитетот на Копенхаген.

- Advertisement -

Таа идеја може да се искористи во ординациите на докторите, сугерира тој. Светската здравствена организација проценува дека со вакцинацијата ќе се спречат најмалку 4-5 милиони смртни случаи секоја година.

Во март годинава повеќе од 1/4 од возрасните во Европската унија изјавија дека би одбиле вакцинирање против КОВИД-19, покажа испитување кое го спроведе европската агенција Eurofound.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -