Властите во Италија донесоа одлука за олабавување на епидемиолошките мерки во Венеција, со што еден од италијанскиот туристички бисери повторно оживеа. За тоа сведочат фотографиите на кои се забелеуваат првите групи туристи во градот.
според новата одлука, баровите и рестораните во овој италијански град може да останат отворени до доцна во ноќта и без временско ограничување. Одлуката за воведување на временското ограничување на работата на угостителските бојекти беше на сила во Венеција од октомври минатата година.
Кога станува збор за епидемиолошките мерки, италијанските власти соопштија дека мерките како носење маски и правилата за одржување физичка дистанца ќе останат на сила додека останатите мерки се целосно укинати. Исто така, после долго време, укинат е и полицискиот час.
Олабавувањето на мерките донесе и нова надеж за туристичките работници и за граѓаните, кои за Reuters изјавија дека очекуваат поголем прилив на гости во наредниот период.
Пред пандемијата на корона вирусот Венеција привелкуваше и до 30 милиони турист годишно. После почетокот на пандемијата, градот кој ретко можеше да се замисли без туристи, се претвори во град на духови.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)