Сателитскиот интернет Starlink е наменет за корисниците кои живеат во оддалечени подрачја во кои нема пристап до брз интернет, но изгледа дека ќе може да прави и повеќе од тоа. Имено, благодарение на тој интернет во иднина ќе биде возможно брзо сурфање дури и во авион.
Бројот на сателити на Ѕtarlink кои кружат во орбитата е се поголем и се ближиме до денот кога услугите на сателитскиот интернет на Илон Маск ќе станат достапни за голем дел од луѓето на Земјата. Моментално околу нашата планета кружат 1.800 од 4.400, колку што се потребни за целосна покриеност на Земјата.
Интернетот на Маск веќе некое време е во тест фаза, а за да се користат услугите на интернетот на Маск, потребен е почетен влог од 500 долари за опрема и 99 долари месечна претплата.
SpaceX со својот интернет не сака да им конкурира на големите мобилни оператори, туку да им овозможи брз интернет на места каде што нема достапни такви услуги.Имрно, компанијата преговара со неколку авиокомпании за нудење на услугата сателитски интернет за време на летањето. Од SpaceX, пк, откриваат дека моментално развиваат нов производ наменет за авиони.
(The Verge)
(фото: Starlink)