Google ќе предвидува дали ќе доцнат авионските летови

- Advertisement -

Google Flights е исклучително корисна алатка за планирање на патувања и за пребарување на евтини авионски билети, а во најновата верзија ќе работи како пророк – ќе предвидува дали ќе доцнат авионите пред и самите компании да го најават доцнењето, пишува 24 sata.

Од Google најавија дека новата опција во нивниот софтвер се базира на историски податоци, но и на машинско учење. Своите прогнози ќе ги споделуваат со вас доколку барем 80% се сигурни во нив, а без оглед на тоа ќе ве советуваат кога навреме да тргнете на аеродром.

- Advertisement -

Прогнозите ќе можете да ги видите со едноставно пребарување по бројот на летот или рутата. Сега ќе се олесни и пребарувањето евтини летови, каде што со секоја цена ќе бидат прикажани и ограничувањата на евтиниот лет како просторот за рачен багаж, изборот на седиште или трошоците за куфери кои не се или се вклучени во цената.

Сподели!
- Advertisement -