Нигерија го произведе својот прв смартфон

- Advertisement -

Нигерија го произведе својот прв смартфон наречен ITF Mobile. Нигерискиот министер за инвестиции, индустрија и трговија, Отунба Ричард Аденији Адебајо, го претстави првиот нигериски смартфон произведен во земјата на претседателот Мохамед Бухар, јави Нигерската новинска агенција (HAN).

Адебајо изјави дека телефонот, кој се вика ITF Mobile, е дел од проектот кој го работат заедно со Одделението за електрична/електронска технологија. Појаснувајќи дека телефонот целосно е домашен производ, Адебајо рече дека целта е да се произведат 12 различни мобилни телефони во рамките на проектoт.

- Advertisement -

(HAN)

Сподели!
- Advertisement -