Овие ракавици се отпорни на удари и сечење и не може да се запалат

- Advertisement -

Schmitz Mittz  се заштитни ракавици кои се досега најнеуништливите во светот. Дизајнирани се од страна на пожарникар, а наменети за луѓето кои се наоѓаат во првите редови кога треба да се реагира во опасни ситуации и за луѓе кои работат во индустрии како што се нафтената и индустријата за гас, каде што е потребна посебна и специфична заштита на рацете.

Ракавиците се направени од врвни материјали кои обезбедуваат заштита од сечење, удирање, дупнување, топлина, пламен, кал, вода, биотоксини и опасни хемиски супстанции. 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -