Прва компанија која го интегрира Facebook Wi-Fi со Instagram во нивното EnGenius Cloud решение

- Advertisement -

Facebook Wi-Fi им помага на малите и средните бизниси да привлечат и да ги задржат корисниците со обезбедување на глатко Wi-Fi искуство како гости. EnGenius Networks Europe B.V., мултинационална компанија за мрежно поврзување, во Македонија застапена преку официјалниот партнер Кабтел, позната по своите физички решенија и решенија во облак објави дека склучила партнерство со Facebook да го интегрира Facebook Wi-Fi,како и со Instagram, во своето EnGenius Cloud решение. Корисниците во кафулиња, ресторани, трговски центри итн., сега можат лесно да се поврзат на гостинскиот Wi-Fi на бизнисот преку нивниот профил на Facebook или Instagram за да воспостават контакт со бизнисот на социјалните медиуми.

EnGenius го лансираше Facebook Wi-Fi на своето лиценцирано мрежно решение EnGenius Cloud. Заедно со интуитивната апликација EnGenius Cloud To-Go можете да ги инсталирате пристапните точки и да го активирате Facebook Wi-Fi за неколку минути. Освен тоа што ќе им помага на луѓето лесно да се поврзат на Wi-Fi, Facebook Wi-Fi им помага на сопствениците на бизниси да ја подигнат свеста за брендот со зголемување на видливоста на компаниските профили на Facebook и Instagram

- Advertisement -

„Со задоволство склучивме партнерство со Facebook за да го обезбедиме Facebook Wi-Fi како дел од нашето решение EnGenius Cloud. Facebook Wi-Fi ги обезбедува кафулињата, рестораните, малопродажните дуќани, сопствениците на продавници со лесно пристапен Wi-Fi портал за нивните посетители“..- изјави Antony Lai, VP на EnGenius Cloud.

Бенефити од Facebook Wi-Fi

- Advertisement -

Глатко Wi-Fi искуство како гости

Facebook Wi-Fi им олеснува на бизнисите да понудат Wi-Fi како една од поволностите. Бизнисите имаат опција да ја изберат должината на конекцијата и да ги интегрираат нивните профили на Facebook и Instagram за комуникација со корисниците.

- Advertisement -

Поголема активност на корисниците

Бидејќи е полесно за корисниците да воспостават онлајн контакт со бизнисите, дали со логирање на Facebook или со следење на нивниот профил на Instagram, Facebook Wi-Fi на бизнисите им дава шанса да го зголемат своето органско социјално присуство и комуникација со корисниците и нивните пријатели.

Business Insights

Facebook Wi-Fi на сопствениците на бизниси им дава инсајдерски информации во бројот на логирања преку Facebook Wi-Fi од страна на нови, ендократни или постојани посетители.

За да дознаете како да поставите Facebook Wi-Fi на EnGenius Cloud решението, посетете ја веб-страницата на EnGenius Cloud: https://www.engenius.ai/cloud/facebook-wi-fi/ или контактирајте не на: sales@kabtel.mk

Симнете ја нелиценцираната верзија на апликацијата EnGenius Cloud To-Go и испробајте го Facebook Wi-Fi сега: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.engenius.ezmcloud&hl=en_US  & https://apps.apple.com/us/app/engenius-cloud/id1212696440

За EnGenius

EnGenius е интернационален производител на иновативни мрежни решенија. EnGenius нуди комплетни безжични мрежни решенија преку неговото широко портфолио на мрежни пристапни точки, вклучувајќи ја и последната технологија за Wi-Fi 6 пристапни точки, мрежни преклопници со вградени PoE (Power-over-Ethernet) функционалности, како и мрежни приклучоци за внатрешна и надворешна употреба. Б2Б решенијата се користат во целиот свет во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за евенти, ресорти, музеи и секакви други локации.

Нашата мисија е да понудиме врвни податочни решенија, кои се комбинација од висока продуктивност и едноставност. Ние веруваме дека конективноста доаѓа со ветување за стабилност, богатството на опции и персонализираната услуга, како и исплатливоста. За повеќе информации тука или во КАБТЕЛ на 02/3103-230.

Сподели!
- Advertisement -