Централите на јаглен ќе се затворат до 2028 година, ќе се инвестира во нови 2200 мегавати од обновливи извори

- Advertisement -

Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран до 2028 година, а во зелениот план е предвидено да се инвестира во нови 1600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници.

-Зборуваме за 2200 нови мегавати обновливи извори на енергија, а само за споредба двата блока на РЕК Битола се 350 мегавати, посочи премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на „Топ Тема“ на Телма.

- Advertisement -

Порача дека Владата го намали ДДВ на струјата заради либерализираниот пазарот на електрична енергија.

-Сакаме да направиме меко спуштање, за цените да не влијаат драстично врз граѓаните. Се уште е пандемија, мора да водиме грижа за народот. Можевме парите од ДДВ да ги искористиме за политички цели, но се откажавме од нив за да не порасне цената на електричната енергија и да не биде удар за домаќинствата, рече Заев.

- Advertisement -

Нагласи дека пазарната вредност на струјата е повеќе од двојно повисока од цената која ја испорачуваат државните компании.

-Светот заради климатски промени има повеќе производство од обновливи извори на енергија, се затвораат јаглените и фосилните централи, а инвестициите во нови извори чинат пари, појасни Заев.вј/са/

Сподели!
- Advertisement -