Јапонија прави планови за колонизација на Марс, а доказ за тоа е компјутрски анимираната презентација прикажана на Универзитетот Кјото. Презентацијата ја претстави амбициозната визија за иднината на човечкиот живот во вселената. Прикажани се сцени од други светотви, вклучувајќи и структури со бизарен облик кои се замислени да се изградат во пустина на Марс. Меѓутоа, тие во внатрешноста кријат зелени полиња, како и чамци кои мирно пловат по водата. Овој концепт е можна визија за човечкиот живот на Црвената планета.
Американската вселенска агенција НАСА во својата програма Artemis планира враќање на лужето на Месечината по прв пат после мисијата Apollo, а брзо се развиваат и приватните компании како Blue Origin, Virgin Galactic и SpaceX.
Колонизацијата на Марс е главниот план на центарот Human Spaceology Center, кој беше основан во октовмри минатата година, а почна со работа во јуни годинава со цел забрзување на развојот на технологијата потребна не само за враќање во длабоката вселена, туку и за живот во вселената.
Видеото го откри и примарните теми на истражување, а меѓу нив е изградбата на станици кои поддржуваат вештачка гравитација, а кои ќе одговараат на тие на Земјата. Марс има послаба гравитација, а иако таквото искуство на почеток ќе биде интересно, сепак ниската гравитација е проблематична за живот и за работа. Во услови на ниска гравитација многу е потешко да се развива и да се одржува мускулна и коскена маса, па затоа ќе се бараат решенија за тие предизвици со цел да се овозможи долготраен престој во други светови.
(Klix.ba)
(фото: NASA)