Вселенскиот телескоп James Webb сруши уште еден космички рекорд

- Advertisement -

Стигна официјална потврда дека вселенскиот телескоп James Webb (JWST) ја откри досега најоддалечената и настара галаксија во светот. Светлината која патувала до нас над 13,4 милијарди години за да стигне до нас потекнвуа од најоддалечената галаксија досега откриена. Долгите спектроскопски анализи на JWST се толку детални што истражувачите не само што можат да го измерат растојанието кое го поминала таа светлина, туку можат и да откријат некои нејзини својства.

По прв пат откривме галаксии само 350.000 години после Големата експлозија и можеме да бидеме целосно сигурни во нивната фантастична оддалеченост од нас. Пронаоѓањето на овие галаксии на толку неверојатни слики е посебно искуство, вели астрономот Брент Робертсон од калифорнискиот Универзитет Санта Круз.

- Advertisement -

JWST, всушност, забележал четири галаксии на истото подрачје, а добиените податоци потврдуваат дека овие две галаксии се навистина меѓу најоддалечените кога било откриени, додека другите две се уште подалеку.

Научниците се надеваа дека JWST може да продре во вселената порано отколку што било досега возможно. Разбирањето на првата милијарда години после Големата експлозија е исклучително ограничено за научниците, а пронаоѓањето се порани објекти може да помогне во расветлувањето на тој клучен период од настанувањето на нашата планета.

- Advertisement -

Светлината на овие објекти е многу слаба затоа што патувала големи растојанија. Поради ширењето на вселената, космосот е многу растегнат во црвениот крај од спектарот, што е феномен познат како црвено поместување.

JWST е најмоќниот телескоп кога било лансиран во вселената, а е спецјализиран за инфрацрвена и блиска инфрацрвена светлина и е дизајниран за откривање на наведеното црвено поместување на светлината.

- Advertisement -

Научниците своите откритија ќе ги презентираат на конференцијата STScI First Science Results from JWST.

(Science Alert)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -