Amazon планира да отвори повеќе физички продавници

- Advertisement -


Американскиот е-трговец Amazon планира да отвори повеќе повеќенамеснки трговски центри слични на стоковни куќи, пренесува американскиот весник The Wall Street Journal. Со тој потег сакаат да ја зголемат својата автентичност во американската физичка малопродажба.

Во продавниците ќе се продаваат производи за домаќинство, електроника и облека и ќе се претставува сопствениот бренд на Amazon, пишува весникот и додава дека некои од првите такви продавници ќе се отворат во државите Калифорнија и Охајо.

- Advertisement -

Овој потег следува откако Amazon го купи американскиот синџир супермаркети Whole Foods Market во 2017 година за 2017 за 13,7 милијарди долари, што значително го зголеми присуството на овој гигант во физичката малопродажба.

Продавниците ќе бидат со површина од околу 2.800 квадратни метри и знчително помали од традиционалните трговски центри, но поголеми од физичките продавници во мрежата на Amazon.

- Advertisement -

Аналитичарите истакнуваат низа стратешки причини за влегувањето на Amazon во физичката малопродажба, вклучувајќи ја желбата за поголема продажба на облека, мебел и други производни линии. Истовремено, ово потег го гледаат ако признание дека иднината на малопродажбата е повеќеканална, а не првенствено онлајн.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -