Звучни имиња на 14-тиот Weekend Media Festival

- Advertisement -

Програмата и најзвучните имиња на овогодинешниот 14. Weekend Media Festival, најочекуваниот настан во годината, местото каде се среќаваат водечките експерти за медиуми, маркетинг и комуникација, беа претставени во паркот Ругемарин. Фестивалот годинава ќе се одржи под слоганот Live Life од 23 до 26 септември на веќе традиционалното место во старата фабрика за тутун во Ровињ.

„По едногодишна пауза, сите едвај чекавме да се собереме повторно на 14-то издание на Weekend Media Festival. Ровињ повторно ќе биде центар на добра комуникација, дружење и забава. За посетителите на овогодинешниот WMF, подготвивме исклучително богата програма со голем број атрактивни и корисни теми кои ги поврзуваат трендовите и појавите во медиумите, маркетингот и односите со јавноста, претприемништвото, креативната индустрија, но и општеството воопшто. Ги зедовме предвид интересите на нашите учесници, се обидуваме да предвидиме некои трендови и даваме насоки за справување со нив, во исто време ги рушиме табуата, ги поврзуваме некомпатибилните и ветуваме добра забава “, рече Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival.

- Advertisement -

Меѓу бројните панели, предавања и дискусии, на овогодинешното издание на Weekend Media Festival, се издвојуваат настапот на најпознатиот светски филозоф Славој Жижек и предавањето на германскиот психијатар Манфред Шпицер, автор на бестселерите „Епидемија на паметни телефони”,”Осаменост ” и “Дигитална деменција” кои на популарен начин го проблематизираат влијанието на технологијата врз животот на модерниот човек. Големо внимание се очекува да привлече и Горан Богдан, моментално најголемата регионална актерска sвезда од помладата генерација.

Weekend е познат по врвни дискусии на експерти од различни области, по најдобрите забави на неколку различни локации, кои нема да изостанат ни оваа година.

- Advertisement -

Предуслов за влез на Weekend Media Festival е дигитален ЕУ ​​КОВИД сертификат што може да го добијат вакцинирани лица, луѓе кои имале „Ковид-19“ во последните 180 дена или луѓе кои имаат негативен тест. Антигенски, т.н. брз тест ќе биде можен на самиот влез во просториите на старата фабрика за тутун.

Сподели!
- Advertisement -