Оваа година е рекордна по бројот на пожари во Југозападна Европа

- Advertisement -

Пожарите кои уништија десетици хектари во Франција, Шпанија и во Португалија ја направија 2022 година рекордна по бројот на шумски пожари во Југозападна Европа, објави денеска службата за сателитско следење на ЕУ.

Поради долготрајниот топлински бран кој доведе до рекордни температури во Франција, во последните три месеци беа достигнати највисоки нивоа на јаглерод диоксид предизвикани од загадувањето на воздухот после пожарите од почетокот на мерењето вом2003 година, објави Службата за следење на атмосферата Коперникус.

- Advertisement -

Тоа следува откако Шпанија минатиот месец забележа најголем емисија на јаглерод диоксид во историјата на пожари. Од службата Коперникус наведоа дека дневната вкупната емисиска сила на пожарите, која е мерка за интензитетот на пожарите, во јули и август во Франција, Шпанија и Португалија била значително повисока од просекот.

Службата предупреди дека голем дел од западна Европа сега е во екстремна опасност од пожари, а некои делови се и во многу екстремна опасност од пожари.

- Advertisement -

Во пожарите ширум Европа изгореа повеќе од 4000 квадратни метри површина, а како што велат од службата, очекуваат ситуацијата да биде уште полоша затоа што не сме ни на половина од сезоната на пожари.

Снимките кои ги објави Коперникус покажуваат облак од чад над југозападна Франција, кој се протега со стотици километри над Атлантикот. Франција прими помош за последниот од пожарите, кој е широк 40 км и поради кој 10.000 луѓе мораа да се иселат. Помошта беа А361 пожарникар од европските земји, вклучувајќи ги Германија, Полска, Австрија и Романија.

- Advertisement -

Глобално гледано, 2022 е на четврто место по емисијата на СО2 од шумските пожари. Научниците велат дека топлинските бранови како исклучително сувото и топло време во Западна Европа се многу поверојатно поради климатските промени предизвикани од човекот.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -