Вселенските туристи на SpaceX се вратија на Земјата

- Advertisement -

Откако неколку дена поминаа во орбитата на Земјата, вселенските туристи на мисијата Inspiration4 се вратија на Земјата. Капсулата Crew Dragon со четворица членови на екипажот, која во орбитата престојуваше без професионален астронаут, се спушти на Атлантскиот Океан во близина на Флорида. Патниците во орбитата направија неколку експерименти и истражувања на ефектите од летово во вселената на човечкото тело. Исто така, мисијата послужи и како кампања за собирање средства наменети за болници кои се борат против рак.

Ова е досега најкраткиот лет на капсулата Crew Dragon, затоа што претходните мисии Demo-2, Crew-1 и Crew-2 подразбираа спојување со Меѓународната вселенска станица и траеја од 9 недели до 6 месеци. Механизмот на спојување со Меѓународната вселенска станица овој пат беше заменет со стаклена купола низ која патниците ја набљудуваа Земјата.

- Advertisement -

Исто така, мисијата треба да ги привлече сите кои имаат доволно пари, а сакаат да уживаат во кратките патувања во вселената.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -