Airbus го претстави своето летачкo такси кое ќе полета во 2023 година

- Advertisement -

Превозот со такси во иднина ќе биде сосема поинаков од сега. Дел од технолошките и автомобилските компании сметаат дека и понатаму ќе се возиме во автомобили, но во нив нема да има возач и со нив ќе управуваат компјутери. Дека таквиот такси превоз не е далеку од реалноста видовме со Waymo, компанијата на Google, чии автономни такси веќе некое време се тестираат во Феникс, САД.

Но, освен по патиштата, такси во иднина ќе не возат и во воздух. Веќе се претставени различни модели на летачки такси, а својата нова генерација такви летала ја претстави и Airbus.

- Advertisement -

Првата генерација од своите летачки такси почнаа да ја развиваат уште во 2016 година, но сега претставија понапредна верзија која најавија дека ќе почне да вози, односно лета од 2023 година. После првиот прототип ќе помине некое време пред да биде сертифициран како такси возило. Во Airbus веруваат дека ќе добијат сертификат до 20205 година.

Нивното летало е наменето за урбан превоз на помали растојанија, а со оглед на тоа дека ќе можат да полетаат и да слетаат вертикално, за овие летачки такси нема да требаат писти. Леталото на Airbus има 8 електрични мотори со моќност по 100 kW, односно 130 KS). Со нив CityAirbus ќе може да лета со брзина до 120 км/ч, но досегот му е само 80 км.

- Advertisement -

Во леталото нема да има пилот, туку со него ќе се управува на далечина, а во летачкото такси има место само за четворица патници. Она што нагласуваат од Airbus е дека леталото е многу тивко прави бучава од помалку од 65 децибели, односно 70 при слетување.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Airbus)

Сподели!
- Advertisement -