Поради делта сојот ќе треба да се вакцинира 90% од популацијата!

- Advertisement -

Повеќе претставници на здравствените власти во САД сметаат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19.

Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија функционери за USA Today во извештај објавен вчера.

- Advertisement -

– Она што го научивме од делтата и гледаме зад делтата е … дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде 90 проценти, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд.

Слично мислење има и доктор Ерик Топол од истражувачката група Скрипс. Сега ни требаат 85 до 90 проценти вакцинирани против делтата, рече Топол за USA Today.

- Advertisement -

Доктор Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, во мај рече дека уште еден бран на инфекција на есен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението.

Околу 56,5 проценти од населението во САД е целосно вакцинирано против Ковид-19, покажуваат статистичките податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс. Повеќе од 185 милиони Американци се вакцинирани со двете дози.

- Advertisement -

Повеќе од 12 милиони луѓе во Њујорк се вакцинирани со две дози, што е околу 63,74 проценти од населението.

Сподели!
- Advertisement -