Европејците стануваат се постари

- Advertisement -


Населението на Европската унија (ЕУ) значително ќе старее во просек во наредните децении – до 2070 година уделот на лицата постари од 65 година ќе достигне 30,5 отсто, објави германскиот завод за статистика. Според податоците на европската статистичка агенција Евростат, на почетокот на 2023 година уделот на лицата постари од 65 години во ЕУ бил 21,2%.

За прогнозата статистичарите го користеа сегашниот обем на нето имиграција во ЕУ од 1,2 милиони луѓе годишно. Ако имиграцијата се зголеми за една третина, стареењето на европското население само малку би забавило, па во тој случај бројот на луѓе над 65 години во 2070 година би бил 29,5% наместо 30,5%.

- Advertisement -

Минатата година земја со најмногу граѓани над 65 години била Италија (24%). Во Португалија тој процент бил 23,9%, а во Финска 23,1%. Доколку имиграцијата остане стабилна, во 2070 година Литванија ќе има најмногу стари лица – 36%. Во Италија и во Португалија тој број ќе се намали на 34%. Во тој случај Германија ќе падне во последната третина од табелата со 29% отсто, а најмал удел на лица над 65 години ќе има Шведска (27%).

На 1 јануари 2023 година ЕУ имаше 451,4 милиони жители. Без зголемување на стапката на имиграција, населението ќе се намали на 432,2 милиони до 2070 година.

- Advertisement -

Без имигрантите, населението на ЕУ би се намалило уште позначајно, на 358,4 милиони. Ако позитивната стапка на имиграцијата се зголеми за една третина, бројот на жители на ЕУ ќе се зголеми на 465,5 милиони.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -