Американската компанија која произведува зачини Kraft Heinz претстави нов производ за кој велат дека е најголемата иновација во производството на сосови и кечапи во кесички. Претходно во текот на октомври најголемиот светски производител на кечап го најави Packet Roller, односно гаџет во форма на шише кечап кој на корисниците им овозможува од кесичката да ја извадат и последната капка кечап.
„Немојте да кликнете на „купи“ освен ако не сте спремни да промените се што досега сте знаеле за кесичките кечап“ велат од компанијата.
Помошното средство за истиснување на кечапот е во форма на валјак и чини 5,70 долари. Тој може да се носи во џеб и да се закачи на клучеви. Освен тоа, има и посебен секач за рабовите на кесичката.
Оваа најава веројатно е дел од забрзаните иновации во кулинарството и амбалажата, кои се фокусирани на иднината. Се обврзаа да го зголемат производството на кечап во Америка за 25% на 12 милијарди кесички кечап годишно затоа што пандемијата ја зголеми употребата на нарачки со достава.
(Bizlife)
(фото: Flickr)