Почна сериското производство на електричниот камион на Илон Маск

- Advertisement -

Илон Маск на својот профил Twitter објави дека почна со сериско производство на својот електричен камион Tesla Semi Truck, а првите испораки треба да започнат на 1 декември годинава.

Tesla Semi Truck беше најавен уште во 2017 година и требаше производството да почне во 2019 година, а на почетокот на 2020 година Маск објави дека производството само што не почнало.

- Advertisement -

Во април истата година компанијата во извештај до вработените напиша дека испораката ќе доцни до 2021 година, за подоцна да биде објавено дека ќе се произведува дури на почеток на оваа година поради глобалните проблеми со снабдувањето со материјали и делови, како и поради лимитираното производство на батерии.

Изгледа дека сега конечно дојде време за камионот на Tesla, од кој Pepsi ред неколку години нарача 100 примероци, а меѓу првите купувачи се најдоа и Walmart и UPS.

- Advertisement -

Semi ќе чини од 150.000 до 180.000 долари, во зависност од досегот, а во најмоќната батериска конфигурација ќе има досег од 800 км со едно полнење.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -