Научници тврсат дека доколку живеете во близина на птици ќе бидете исто толку среќни како да ви ја пкачиле платата. Направиле дури и детална пресметка, На пример, ако околу вашиот дом има 10% повеќе птици, тоа е исто како да ви ја покачиле платата за 1.800 долари годишно.
Во истражувањето биле вклучени 26.000 возрасни поединци од 26 зеји и биле споредувани нивните резултати за задоволство од животот. Потоа тое резултати ги споредувале со диверзитетот на птици во оклината. Најсреќните од испитаниците секојдевно го слушале пеењето на птиците.
Делумно, причината за тоа е самиот ефект на птиците кои предизвикуваат среќа, но птиците се и добри индикатори за здравиот биодиверзитет, а нивното присуство покажува дека во близина има доста зеленило.
Во текот на пандемијата се повеќе луѓе почнаа да ги набљудуваат птиците во нивната природна средина, па затоа се зголеми и продажбата на семки за птици и на двогледи.
Луѓето почнуваат да се зближуваат со птиците во природата, во парковите или во локалните градини. Но, и покрај тоа, се позабрзано се намалува бројот на видови птици. 40% од 11.000 видови птици во светот имаат намален прираст, додека 1 од 8 видови се соочува со опасност од истребување како последица на уништувањето на нивните природни живеалишта и на климатските промени,
Ако не се преземе нешто за да се спречи губењето на природата, ќе ги загадиме системите кои ни носат среќа, здравје и ни го одржуваат економиите.
(World Economic Forum)
(фото: Pixnio)