Во овој индиски град речиси целиот отпад се претвора во нешто корисно

- Advertisement -

Во овој индиски град речиси целиот отпад се претвора во нешто корисно. По улиците на градот претходно имало купишта ѓубре од домаќинствата, кое скапувало таму со денови. Ѓубрето ги собирало локалните бездомни кучиња, купишта муви и кравите, кои се свети животни во Индија и слободно шетаат по улиците.
Од 2016 година наваму градот Индоре престанал да користи депонии и сега речиси целиот отпад го претвора во корисни производи – од компост, гориво до цемент. За уште повеќе да го намали отпадот лансирале кампања за подигање на јавната свест. Сега жителите на градот го селектираат сувиот од влажниот отпад и потоа им го предаваат на санитарните работници, кои секојдневно го собираат по улиците.
Градот дел од отпадот продава за рециклирање, тоа што не може да се рециклира го користи за правење патишта и органскиот отпад го претвора во ѓубриво и во биогориво. Така градот успева три години по ред да биде најчистиот град во Индија.
Индија генерира околу 150.000 тони цврст отпад секој ден. Тоа  е еднакво на 15.000 камиони за ѓубре.

In this Indian city, almost all waste gets turned into something useful

Separating 'gila' from 'sukha'. 📕 Read more: https://wef.ch/2oe7yFz

Posted by World Economic Forum on Петок, 04 октомври 2019

Сподели!
- Advertisement -