Отворена платформа преку која германски компании-купувачи бараат македонски добавувачи

- Advertisement -

Пристап и организација на Б2Б-состаноци со огромен број германски компании-купувачи кои се во потрага по нови компании-добавувачи, овозможува платформата „AHK Industrial Suppliers Forum“.

Како што вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, платформата е поставена првпат оваа година, во соработка со неколку германски стопански комори, под раководство и иницијатива на германската стопанска комора во Полска.

- Advertisement -

Рокот за пријавување е до 31 октомври 2021 на https://ahk-isf.eu/public/.

-Целта на оваа заедничка иницијатива е поврзување на компании-добавувачи од Северна Македонија со компании-купувачи и деловни партнери од Германија. Новонастанатата ситуација на светскиот пазар бара од компаниите-добавувачи нова хармонизација на деловната и логистичката инфраструктура. Според истражувањето на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK) од 2020 година, скоро 60 отсто од индустриските компании од Германија бараат нови добавувачи од Европа, нагласува Мартенс.

- Advertisement -

Тој објаснува дека во рамки на AHK Industrial Suppliers Forum, се бараат добавувачи од секторите: обработка на метали, обработка на пластика, автоматизација, електронски компоненти, машински делови и ИКТ-решенија за индустријата.

-AHK Industrial Suppliers Forum нуди многу предности: одлична видливост и пристап до нови клиенти, директен пристап до тековните барања на клиентите и автоматско „поврзување“, односно автоматско пребарување според поставените параметри на добавувачи и купувачи, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство.

- Advertisement -

Industrial Suppliers Forum е заедничка кампања на неколку Германски стопански комори во странство (AHK) од Европа, со цел да се поедностави потрагата по нови добавувачи и да се забрза развојот на бизнисот.

Мартнес информира и дека две училишта, „Киро Спанџов-Брко“ Кавадарци и „Св. Наум Охридски“ Охрид, кои во соработка со компаниите „Костал“, „ЛТХ Леарница“ и „ОДВ-Електрик“ спроведуваат дуално образование по германски модел, се добитници на грантови од 600.000 евра преку Регионалниот фонд на предизвици од Германската банка за обнова и развој – KfW. Грантовите ќе им овозможат на стручните училишта да инвестираат во нова опрема и машини за изведување практична настава.

Фото – pxfuel

Сподели!
- Advertisement -