Oтворен повик за млади за учество на Green Solutions Hackathon во Тетово

- Advertisement -

отворен повик за млади (средношколци, студенти и основачи/вработени во стартапи) за учество на т.н. Green Solutions Hackathon кој ќе се одржи на 15-16 септември 2023г. во Тетово.

Целта на хакатонот е да им се овозможи на младите да стекнат нови вештини преку менторски сесии и работилници и да разменат искуства од областа на одржливи, иновативни и зелени деловни решенија. Дополнително, преку хакатонот ќе им се обезбедат можности на младите за добивање средства за реализација на нивната „зелена идеја“.

- Advertisement -

Највисоко рангираните зелени идеи ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од следниве награди:

  • Првопласираната екипа ќе добие награда од 30.000 МКД.
  • Највисоко рангираните 3 тима ќе учествуваат на следното Инвестициско Рандеву за зелени решенија со потенцијални финансиери во земјата и регионот организирано од GIZ.
  • Највисоко рангираните тимови ќе добијат можност да учествуваат на специјализирана обука за: 1] Одржливо корпоративно работење и 2] Изработка на Бизнис План организирана во соработка со ProCredit Банка.
  • Највисоко рангираните тимови ќе бидат повикани на Master Class – From Idea to Startup и Workshop on Idea Screening со основачот на Networker, Сања Митровска.
  • Највисоко рангираните тимови ќе добијат покана да учествуваат на повикот на 700 Accelerator и ќе добијат шанса да добијат инвестиција до 40.000 евра.
  • Средношколците кои ќе учествуваат на Green Solutions Hackathon ќе бидат поканети да земат активно учество на специјализираната едукативна работилница за зелени бизнис модели организирана од НВО Институт Либерална Алтернатива (LAI) .

Хакатонот е организиран од SEEUTechPark и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH ( GIZ ) под покровителство на германската соработка, SENECA Green, и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

- Advertisement -

Го споделувам и линкот до целосниот повик којшто ги содржи сите информации.  

Сподели!
- Advertisement -