Забраната за возила до Водно стапува на сила викендов, а автобускиот превоз дотаму бесплатен

- Advertisement -

Од викендов стапува на сила забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно. Забраната ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

„Забраната ќе важи за време на викенди, сабота и недела, и за време на државните празници. Нема да се однесува на автобусите на ЈСП Скопје, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија“ изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

- Advertisement -

Со цел да им се излезе во пресрет во граѓаните кои се рекреираат на Водно, градските власти од утре воведуваат бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) и бесплатни пробни линии 25А (Авто Македонија – Средно Водно) и 25Б (Цветен Пазар – Средно Водно) за време на викенд (сабота и недела) и државен празник.

Се предвидува и бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга“ и паркингот „Дом на печат“ за граѓаните кои имаат намера да ја посетат парк-шумата Водно, движејќи се пеш или користејќи го бесплатниот превоз на автобуска линија 25 и пробните линии 25А и 25Б.

Сподели!
- Advertisement -