Научниците тврдат: На Месечината има доволно кислород за осум милијарди луѓе

- Advertisement -

Атмосферата на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, но под карпестиот горен слој на сателитот има доволно од овој гас за да опстанат осум милијарди човечки животи цели 100.000 години, според истакнат научник.

Џон Грант, предавач по наука за почвата на Универзитетот „Саут крос“ во Австралија објасни дека Месечината е богата со минерали што цврсто го врзуваат кислородот.

- Advertisement -

Грант тврди дека, дури и ако се игнорира кислородот во длабоките, цврсти карпи, реголитот на Месечината – карпестиот горен слој – кој е лесно достапен, може да содржи доволно кислород за осум милијарди луѓе да живеат 100.000 години.

Пресметките на научникот се засноваат на идејата дека на луѓето им требаат 800 грама кислород дневно за да преживеат, а реголитот е длабок околу 10 метри. Тој наведува дека реголитот на Месечината се состои од 45% кислород, од кои целиот е цврсто врзан за минералите како кварц, алуминиум и железо и магнезиум оксиди.

- Advertisement -

Иако кислородот од карпите за жал не може да се дише, процесот на извлекување огромни количества кислород од нив е едноставен. „Но има една замка: тој голта многу енергија. За тоа да биде одржливо, ќе треба да биде поткрепено од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината“, забележува Грант.

Написот на Грант доаѓа откако Австралиската вселенска агенција и НАСА во октомври потпишаа договор за испраќање ровер на Месечината со цел да се соберат лунарни карпи и да се обиде од нив да се извлече кислород што може да се дише.

- Advertisement -

Научникот, исто така, го забележува и развојот на експериментални реактори за подобрување на процесот на производство на кислород преку електролиза од страна на белгиски старт-ап. Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година како дел од мисијата на Европската вселенска агенција за искористување ресурси на самото место.

Сподели!
- Advertisement -