Кинеска машина може да изгради мост за само неколку дена

- Advertisement -

Со лансирањето на иницијативата Belt and Road во 2013 година Кина покажа дека ја продолжуваат традицијата на т.н. Silk Road или Патот на свилата. Пред повеќе од 2.000 години инастијата Хан го почнала Патот на свилата, мрежа од копнени и водени патишта кои поставиле мост помеѓу Истокот и Западот и ја претвориле Кина го геоекономски центар. Инспирирани од Патот на свилата, сега Кина ја почна иницијативата Belt and Road со цел да ги поврзе Азија, Африка и Европа.

Проектот се состои од копнени и водени патишта кои поврзуваат околу 70 земји, што е речиси 1/3 од светот. Она што и овозможи на Кина да го реализира проектот е изградбата на огромни машини кои не само што го забрзуваат процесот на изградба, туку се и поекономични и поефикасни.

- Advertisement -

Една од таквите машини е SLJ900/32 или локално позната како „Железно чудовиште“ (Iron Monster). Оваа машина е нешто сосема ново во изградбата на мостови. Машината може да подига, да носи и да поставува готови делови од мостови со брзина од 5 км/ч.

Иако критичарите тврдат дека овој проект наметнува кинески давачки врз посиромашни земји, овие иновации се од огромно значење за градежната индустрија. „Железното чудовиште“ го дизајнирала компанијата Beijing Wow Joint Machinery Company. Еден од мостовите на кои работела машината досега е најдолгиот железнички мост-лак во светот – мостот на реката Јибин Јинша.

- Advertisement -

Благодарение на оваа машина потребни се многу помалку човечки ресурси во споредба со користењето кранови, но сепак е потребен тим кој ќе го надгледва целиот процес. Освен тоа, машината тежи 580 тони, што е многу повеќе од максималната тежина што треба да ја издржат мостовите, а тоа е дополнителен бонус и значи дека „Железното чудовиште“ гради многу поцврсти и постабилни мостови.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -