Осум стартапи кои победија во различни категории во Скопје, во март заминуваат за Брисел каде ќе се натпреваруваат во финалето на StartUp Europe Awards 2017
На 31. октомври годинава Македонија се приклучи на европската манифестација StartUp Europe Awards 2017 преку настанот Get In the Ring на кој се натпреваруваа стартапи со своите бизнис идеи. Бизнис идеите беа оценувани од комисија од дванаесет члена од различни држави.
ALHO ќе ја претстави Македонија во категоријата електронско здравство или e – health. Тимот базиран во Македонија ќе произведува маска за телефон способна да емитира топло или ладно за да им помогне на лицата кои патат од Рејнудов синдром.
Omega Research, победници во „зелената“ категоријата, се првата компанија на меѓународно ниво која произведува нов вид на органска козметика од производи кои се јадат. Ова значи дека се користат само хранливи и органски состојки како сирово овошје, зеленчук, дехидрирани билки и чаеви без користење на презервативи. Истата може да се конзумира без да предизвика штетни ефекти за телото.
Take Away ќе ја претставува категоријата гастрономија и тие произведуваат и продаваат пакувана и спремна за конзумирање храна. Имаат за цел да бидат поразлични од она што веќе постои на пазарот и да ги поместат границите во Македонија кога се работи за храна за носење.
Macedonian Honey е од категоријата за клима и е стартап кој носи нов пристап во одгледувањето на пчели преку користење на нивниот изум Elle Hive – со цел преживување на пчелата која произведува мед. Нивните пчели стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени.
Sole Communication Network ќе ја претставува Македонија во категоријата Internet of Things. Тие ја создадоа SOLENET платформата која им овозможува на апликациите направени по мерка да работат 10 пати побрзо и преку комбинирање на податоци да ги поврзуваат луѓето и организаците.
Cultus ќе се натпреварува во категоријата за образовни технологии. Станува збор за простор за е – учење кој сака да прерасне во агрегатор на вести и оригинални блог објави за онлајн образовни ресурси кои се достапни ширум светот.
Mamaorgana победи во категоријата за земјоделски технологии. Стартапот произведува органски ѓубрива и субстрати за урбани градинари, фармери и еколошки градини, грижејќи се за природата. Наместо да се собира на депонијата, тие ја собираат отпадната храна за ѓубриво која ја збогатуваат со патентирана технологија. Нивниот иновативен финален производ е прв во регионот кој го имплементира овој еко концепт и овозможува да се одгледува органска градина секаде.
Vision Dynamix е од категоријата паметни градови и тие развиваат т.н. Terra Mapper – систем кој генерира прецизни 3Д мапи и модели од сцени снимени со дрон. Генерирањето на вакви 3Д мапи и модели моментално е доста скапо на пазарот и одзема многу време, а нивната технологија ќе ги скрати значително и двете.
Им посакуваме многу успех!