Научници предупредуваат дека на Арктикот ќе врне дожд наместо снег многу побрзо отколку што очекуваме

- Advertisement -

Дождот ќе ги замени снежните наноси на Арктикот децении порано отколку што се мислеше, покажа студијата објавена пред неколку дена, која предупредува на тоа дека промената предизвиканата од глобалното затоплување ќе има последици и надвор од тој регион.

Арктикот се загрева многу побрзо од остатокот од планетата, се топи морскиот лед, што додава влага во воздухот, а тоа веројатно ќе ја зголеми количината дождови. Споредувајќи ги најновите проекции со претходни климатски модели, студијата објавена во научното списание Nature Communications проценува дека преминот од снежни врнжеи на дожд ќе се случи една или две децении порано од очекуваното.

- Advertisement -

Промените ќе бидат сериозни и ќе се случат многу порано отколку предвиденото и така ќе имаат големи импликации на животот на Арктикот и надвор од него, вели главната авторка на студијата, Мишел Меккристал .

На пример, наесен, кога се случуваат најголемите промени, централниот дел на Арктикот може да премине од снежни врнежи на дождови околи 2070 година според најновиот модел на проекции, додека според претходниот таа временска рамка беше околу 2090 година, додава Меккристал.

- Advertisement -

Но, се зависи од степенот на глобалното затоплување. Со моменталното темпо на загревање, дождот може да превлада над снегот над Арктикот пред крајот на ова столетие, се вели во студијата.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -