Леден мегабрег испушта голема количина слатка вода во океанот

- Advertisement -

Огромен леден брег наречен A68 секојдневно во океанот испушта повеќе од 1,5 милијарди тони свежа, односно слатка вода поради топење на ледот. Станува збор за количина вода 150 пати поголема од водата која секојдневно ја користи Велика Британија. A68 краток период беше најголем леден брег во светот. Неговата површина беше речиси 6.000 квадратни километри кога се одвои од Антарктикот во 2017 година. Но, до почетокот на 2021 година исчезна, како и милијарди тони од мразот.

Тимот од Универзитетот Лидс ги анализирал сателитските податоци за да добие увид во промените на димензиите на ледениот брег додека се движел северно низ Јужниот Океан и влегол во Јужниот Антарктик.

- Advertisement -

Истражувачите ги проценувале варијациите во топењето на брегот кој постои три и пол години. Еден од клучните периоди е оној кога A68 се приближувал до потоплите клими во Јужна Џорџија. Постоела загриженост дека огромниот леден блок може да се насука во околните плитки води и да го блокира патот на милиони пингвини, фоки и китови, но тоа не се случило. Истражувачите установиле дека A68 изгубил доволно од својата дебелина за да може да продолжи да плови.

До април минатата година A68 се распаднал на многу помали делови, кои повеќе не може да се следат. Но, влијанието ан екосистемот ќе биде трајно. Тие помали делови имаат значајно влијание каде и да се појават, а нивната слатка вода ќе ги менува локалните струи. Железото, другите минерали и органските материи кои ги собрале со себе во текот на својот живот ќе завршат во океаните и ќе са променат биолошката репродукција.

- Advertisement -

Бртиансците поставија уреди во близина на брегот A68 дизајнирани за следење на условите, а собраните податоци се интересни. Постојат силни показатели за промената на флората на фитопланктоните околу брегот A68, како и во таложењето на материјалите на подлабоките делови на океанот, заклучуваат истражувачите.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -