Германија најави целосен карантин за невакцинираните и задолжителна вакцинација

- Advertisement -

Германија најави дека ќе прогласи заклучување на невакцинираните граѓани. Според канцеларката Ангела Меркел, тоа ќе значи забранет пристап до многу јавни места, вклучувајќи ги рестораните, театрите, продавниците и настаните кои не се од суштинско значење. Се затвораат и ноќните клубови и областите каде што заразата е најголема, додека на манифестациите од поглемо размери бројот на гледачи ќе биде намален.

Како што потврди Меркел, 2G правилата ќе бидат проширени на рестораните, а пристапот до културните и рекреативните објекти ќе биде достапен само за вакцинираните и оние кои прележале КОВИД, без оглед на негативниот тест.

- Advertisement -

„Културните настани и оние кои се прават во слободно време ќе бидат отворени само за луѓето кои се вакцинирани или се опоравиле од КОВИД“ истакна Меркел.

Таа додаде дека сфатиле оти ситуацијата е многу сериозна и сакаат да преземат дополнителни мерки. Меркел рече и дека од февруари 2022 година може да биде воведена и задолжителна вакцинација за сите, откако за тоа ќе се дискутира во парламентот. Како што изјави канцеларката, кога би била би гласала за тој предлог.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -