Германија стартува пилот-проект за безжично полнење на електрични возила на автопат

- Advertisement -

Како што се движиме кон иднина во која по патиштата ќе има само електрични возила се засилуваат инвестициите во безжични системи за полнење на автомобилите по пат. Сега познатиот германски Autobahn ќе го добие својот сопствен систем за безжично полнење, иако нема да биде достапен за возачите на електрични возила. Наместо тоа, со него ќе се тестира јавен автобус кој превезува патници до градот Балинген.

Технологијата ќе ја обезбеди израелската компанија за безжично полнење EnBW. Electreon ќе постави 1 км електричен патен систем долж дел од автопатот, со што ќе се овозможи динамично безжично полнење додека автобусот е во движење. Ова ќе биде проследено со статичко полнење поставено на сстојалиштата долж рутата.

- Advertisement -

Проектот се состои од две фази. Прво, поставување на траса долга 400 метри со две статички станици за полнење. Второ, проширување на електричниот автопат за уште 600 метри.

Овој потфат е проследе со успешен пилот-проект на двете компани во германскиот град Карлсруе. Во центарот за обука на EnBW поставен е електрифициран пат, по кој се движи локален автобус. Израелската компаниа претходно веќе има работено на проекти за бежично полнење на патишта во Италија и во Шведска.

- Advertisement -

Иако Electreon и неколку компании со седиште во САД тестираат таква технологија, само неколку европски компании се активни на тоа поле. Тука се вклучени исталијански Enermove, германски Magment и шведски Elonroad.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -