Последниот биткоин ќе биде ископан во 2140 година?!

- Advertisement -

Трагачите по криптовалути досега имаат „изрударено“ 90 отсто од достапните биткоини или 18,89 милиони од можни 21 милион.

Првиот биткоин е „ископан“ во јануари 2009 година, а експертите проценуваат дека последниот ќе биде ископиран во 2140 година, пишува Blockchain, а пренесува RT.

- Advertisement -

Цената на биткоинот драстично се промени во последните 12 години. Првично, еден биткоин вредел само 0,1 долари. Во декември 2012 година, кога беа „ископани“ 50 проценти од достапните биткоини, неговата цена беше 7,5 долари.

Последната цена што ја достигна беше 48.746 долари, што е за 28 отсто помалку од нејзината највисока вредност, 69.000 долари, постигната претходно оваа година.

- Advertisement -

Процесот на создавање биткоини, познат како рударење, се изведува со помош на софистицирана компјутерска опрема која решава милиони исклучително сложени задачи, а како „награда“ се добива биткоин.

За секој блок што ќе успеат да го ископаат, рударите моментално добиваат 6,25 биткоини, а се проценува дека тоа ќе се намали на 3,125 во следните две години.

- Advertisement -

Сепак, не се очекува сите 21 милион биткоини да бидат достапни на слободниот пазар. Околу 3,7 милиони биткоини „исчезнаа“ поради различни причини, вклучително и губење на приватни клучеви од паричници со криптовалути или смрт на сопственикот. Наводно, милион биткоини поседува мистериозниот креатор на таа криптовалута, познат под псевдонимот Сатоши Накамото.

Сподели!
- Advertisement -