ВИДЕО: Во Барселона претставен првиот проѕирен лаптоп во светот

- Advertisement -

Еден од уредите кои привлекоа најмногу внимание на Светскиот мобилен конгрес во Барселона е преносниот компјутер на Lenovo со проѕирен екран. Станува збор за концепт на производ, односно уред кој е направен за да се докаже дека е возмоѓно да се направи.

Lenovo ThinkBook Transparent Display Laptop Concept има 17,3- инчен микро ЛЕД проѕирен екран. Екранот нема рабови, а уредот има и проѕирна тастатура и навидум изгледа како да лебди.

- Advertisement -

Како што велат од Lenovо, главната карактеристика на овој лаптоп е интелигентна интеграција на виртуелното и реалното. Проѕирниот екран го отвора патот кон поинаков вид на соработка и ефикасност, овозможува интеракција со физички објекти и преклопување на дигитални информации за создавање единствени содржини кои ги генерираат корисниците.

Проѕирноста му овозоможува природно да се интегрира во околината. Корисниците можат незабележително да се префрлаат меѓу тастатурата и плочата за цртање со помош на пенкало, а вештачката интелигенција во комбинација со проѕирниот екран ќе отвори нови начини на работа со податоци и апликации, нудејќи прилики за развој на нови опции. Овој концепт дава една футуристичка перспектива за компјутери со вештачка интелигенција, спојувајќи ги дигиталната и физичката средина за подобрување на корисничкото искуство на незамислив начин.

- Advertisement -

За сите на кои им се допаѓа овој уред има и една лоша вест. Имено, бидејќи е само концепт, нема податоци дали ќе се произведува, ниту која би била потенцијалната цена. Но, тоа не значи дека ваквите уреди некогаш во иднина не би можеле да се најдат во нашите канцеларии.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Lenovo)

Сподели!
- Advertisement -