Официјално претставен новиот Штип сити мол

- Advertisement -

Идните закупции одблиску се запознаа со деталите за најголемиот трговски центар во Штип кој ќе се отвори во 2022 година.

На атрактивна локација на самиот влез на градот Штип, привршува изградбата на најголемиот регионален трговски центар во Источна Македонија – Штип сити мол. Пред точно една година инвеститорот компанијата ДИК Фагус ги постави темелите на новиот објект, со што започна градежниот процес за изградба на најсовремен трговски центар во град Штип. Сега тој процес е во својата завршна фаза и наскоро ќе биде објавено и свеченото отворање кое ќе се случи на есен 2022 година.

- Advertisement -

Денес по тој повод во хотел Хилтон (DoubleTree by Hilton) во Скопје се реализираше и првата презентација на која сите потенцијални закупци имаа можност и одблиску да се запознаат со сите детали за Штип сити мол. Презентацијата ја водеше Васко Давидовски, извршен директор и сосопственик на овластената лизинг агенција Brick and Mortar, која заедно со инвеститорот, се грижат овој проект да биде успешен и на едно место да ги соберат сите познати светски и локални брендови и  да понудат содржини карактеристични на модерното и урбано живеење.

За време на настанот присуствуваше и градоначалникот на град Штип г. Иван Јорданов кој истакна: „Како градоначалник на Општина Штип за мене од исклучително големо значење е да отвориме трговски центар каде ќе има познати брендови, кои ќе го зголемат разнообразието и изборот при купување, ќе ја зајакнат конкурентноста меѓу компаниите и ќе учествуваат во развојот на локалната економија. Колку ни е поширока палетата на избор, толку ќе имаме позадоволни и посреќни градови, а тоа е мојата визија за Штип“.

- Advertisement -

Инвеститор на овој проект е Горан Јордев кој е еден од косопствениците на најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК Фагус – Пехчево, компанија во сопственост на Пеком инженеринг, која 30 години успешно работи во Штип.

Извор – mkd.mk

Сподели!
- Advertisement -