Речиси секоја човечка клетка содржи генетски информации кои и се потребни за да стане кој било друг вид на клетка. Клетките на кожата, на пример, имаат исти гени како мускулните клетки или невроните на мозокот, но во секој вид на клетка само некои од тие гени се „вклучени, додека другите „молчат“. Ако го разбереме „рецептот“ за секој вид клетки, теоретски, можеме да ги употребиме тие информации за изработка на секој оосебен вид клетки во човечкото тело.
Тоа е целта на Марк Котер, извршен директор и соосновач на компанијата bit.bio, со седиште во Кембриџ во Велика Британија, кој сака да ги револуционизира клиничките истражувања и откривањето лекови со производство на прецизно дизајнирани човечки клетки.
Истражувањата на новите лекови и третмани најчесто почнуваат на глувци или на најчесто користените човечки клеточни линии – клетките на бубрезите или на клетките на ракот на грлото на матката. Тоа може да биде проблем затоа што клетките на кои се експериментира може да имаат големи разлики во однос на клетките кои ќе ги таргетира лекот.
„Не постои глушец на оваа планета кој некогаш има Алцхајмерова болест“ вели Котер, но додада дека тестирањето на потенцијален лек за Алцхајмерова боелст на човечки клетки дизајнирани да имаат знаци на Алцхајмерова болест може да даде многу јасни резултати ако лекот биде успешен.
„Секој вид на клетка има своја мала програма или пoштенски број, односно комбинација од фактори кои се транскрибираа.Bit.bio моментално продава две различни репрограмирани клеточни линии. Она што сега го правиме со нашите партнери во индустријата е создавање клеточи модификации кои се релевантни за биолестите. Со вметнување на вистинскиот дел од кодот може да се програмира или да се репрограмира човечките клетки“ објаснува Котер.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)