Во Србија за 50 евра годишно можете да изнајмите шпорет или машина за перење

- Advertisement -

Последните неколку години во Србија цвета бизнисот со изнајмување бела техника и куќни апарати. Така, за само 50 евра годишно можете да изнајмите половна машина за перење или шпорет. Ова најмнаоуг го практикуваат потстанарите, кои според неофицијални информации во Србија ги има околу 300.000. Ова е спас и за многумина на кои купувањето бела техника им претставува голем трошок, пишува Bizlife.

Апаратите главно се изнајмуваат на период од една година, но машини за перење, фрижидери и шпорети можат да се изнајмат и на само 3 месеци за 30 евра. Како што тврдат изнајмувачите, со стартоста на апаратот паѓа и цената. Според  некои од луѓето кои нудат апарати за изнајмување, овој бизнис се исплатува затоа што барем во Велград секогаш имаат по 15 до 20 клиенти.

- Advertisement -

Луѓето, пак, кои ги изнајмуваат сметаат дека подобро е да се вселат во празен стан и да ја изнајмат техниката за да не ги пренесуваат своите работи. Наместо гаранција, имаат бесплатна поправка доколку уредот престане да работи. Тие луѓе најчесто немаат доволно пари за да купат нови уреди. Сепак, прашањето кое го се поставува е на кој начин тие доаѓаат до тие уреди.

Сподели!
- Advertisement -