Samsung ги претстави првите телефони со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Samsung на својот традиционален настан Galaxy Unpacked, кој годинава се одржа во Сан Хoзе, ја претстави новата серија паметни телефони Galaxy S24: Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24.

Како што кажаа на самиот почеток, за што се зборуваше и изминатите недели, серијата Galaxy S24 е првата серија паметни телефони на Samsung со вградени опции на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

При претставувањето нагласија дека вештачката интелигенција во телефоните го подобрува речиси секое искуство – од овозможување комуникација без тешкотии со интелигетни преводи на текстови и повици, до максимална креативна слобода со Galaxy ProVisual Engine и поставување нови стандарди за пребарување.

„Serija Galaxy S24 ја трансформира нашата врска со светот и е почеток на нови децении со мобилни иновации“ изјавија од Samsung Electronics. Galaxy AI е осмислена на нашето иновациско наследство и длабото разбирање на начинот на кој луѓето ги користат своите телефони. Возбудени сме да видиме како нашите корисници ширум светот ги подобруваат своите секојдневни животи со Galaxy AI и како си отвораат нови можности.

- Advertisement -

Како еден пример како може да се користи Galaxy AI го демонстрираа преводот во реално време во текот на телефонски повик со помош на опцијата Live Translate, двонасочните гласовни и текстуални преводи на телефонски повици во реално време во изворната апликација. Разговорите во живот веднаш може да се преведат на поделен екран за луѓето кои стојат еден спроти друг да можат да прочитаат што зборува соговорникот, иако не го познаваат јазикот на кој зборува. И тоа дури и без вклучен интернет и Wi-Fi.

Како што истакнуваат од компанијата, корисниците на Galaxy S24 ќе имаат целосна слобода над тоа колку ќе и дозволат на вештачката интелигенција да управува со нивните податоци.

- Advertisement -

Што се однесува на достапноста на телефоните од оваа серија, имаат отприлика иста цена како серијата S23 која првпат се појави. Така, Galaxy S24 Ultra ќе биде достапен по цена од 1.499 евра, Galaxy S24+ за 1.199 евра и Galaxy S24 ќе чини 899 евра.

(Zimo)

(фото: Samsung Newsroom)

Сподели!
- Advertisement -