Веројатно сите во даден момент сте посакале да можете да вкусите некоја храна што ја гледате на екранот. Но колку и да изгледа нешто убаво на ТВ, досега не можевме да го почувстваме вкусот.
Сега јапонски професор развива технологија која овозможува со јазикот да почувстувате вкус на храна или пијалак на екранот. Професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меији со помош на триесетина студенти ја разви технологијата Taste the TV (TTTV), која овозможува вкусот на храната од екранот да го почувствувате со сопственото непце, односно со јазикот.
Тоа значи дека кога ќе гледате видео во кое се прикажува како се прави чоколада, со ставање на екранот на јазикот можете да почувствуате каков е вкусот, како што објаснува Мијашита во видеото.
Мијашита успеал да го направи тоа со помош на патрони со течности со ралични основни вкусови, кои во разни комбинации создаваат „есенција на вкус“, која може вердостојно да ги имитира сите вкусови, односно, како што велат, најголем дел од тие што ги чувствуваме при секојдневната консумација на јадење и пијалаци.
За тоа да биде возможно научниците најпрвин со сензори ја измериле вредноста на многу јадења и пијалаци, а потоа во посебна машина за мешање на вкусови ги претвориле во посебни течности кои се прскаат на екранот, како што можете да видите од видеото во прилог. На тој начин може да се репродуцираатудир и алкохолните и лутите вкусови и да им се додаде арома со коај ќе бидат како вистинските.
Иако засега е експериментале проект, Мијашита вели дека постои интерес од разни компании за развој на комерцијален производ кој би де нашол на пазарот по цена од 875 долари. Идејата е , на пример, рестораните на сцоите посетители да им понудат да го осеатт јадењето што се приготвува пред да го нарачаат.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)