Ватикан направи своја верзија на играта Pokemon GO

- Advertisement -

Папата Францис е обожавател на новата игричка за паметни телефони, која е верзија на мегапопуларната игра Pokemon GO. Играта Follow JC GO е достапна моментално на шпански, англиски, италијански и на португалски јазик, а најавени се и верзии на други јазици. Можете да ја симнете и за iOS и за Android.

Во суштина, играта  е многу слична на Pokemon GO, освен што наместо да фаќате покемони, ловите свеќи, библиски фигури и слични. И се разбира, додека играте можете да научите нешто повеќе за нив. За да бидете успешни во играта мора да собирате храна, вода и духовност, а игричката ќе ве извести и ако се наоѓате во близина на црква за да можете да влезете и да се помолите.

- Advertisement -

Црквата никогаш немала сличен проект со кој преку технологија ќе коминицира со своите следбеници“, изјави директорот на фондацијата Foundation Ramon Pane, која ја направи игричката, Рикардо Грцона. На играта работеле 43 дизајнери, теолози, експерти за Библијата, историчари и инженери, а им биле потребни околу 32.000 часа работа или повеќе од 1.300 дена. Грцона истакна дека сега е доба на паметните телефони, па играта Follow JC GO е идеален начин да се прошири верата меѓу помладата популација.

Сподели!
- Advertisement -