Отворена е најголемата 3Д печатена зграда во светот направена со вистински бетон

- Advertisement -

Благодарение на заедничките напори на компанија за градежни материјали и компанија за автоматизација светот ја доби најголемата 3Д печатена зграда која е направена со вистински бетон.

Мексиканската компанија CEMEX произведува материјали за конвенционално градење и соработуваше со данската компанија Construction of Buildings on Demand (COBOD), која е провајдер на технологија за 3Д печатење. Нивното решение користи многу помалку „мастило“ за печатење на згради и работи со само 1% од мешавина од цемент, што значи дека е многу скалабилно.

- Advertisement -

Во претходните обиди за изградба на 3Д печатени згради со бетон се користеле специјални мешавини за да се забрза сушењето на обичниот бетон во текот на градењето. Тоа е голема пречка затоа што водениот бетон го нема истиот капацитет да носи тежина како сувиот и не ја држи градбата. Одговорот на CEMEX и COBOD на овој проблем е нова мешавина од цемент наречена D.fab, која се состои од специјален додаток кој на бетонот му овозможува да може да се тура, додека друг адитив кој се додава во текот на печатењето го забрзува процеост на сушење.

Друга предност на новата мешавина е драстично пониската цена за градење. Ако столбoвите направени од сув бетон кои се користат за 3Д печатење чинат 700 до 900 евра за кубен метар, со D.fab таа цена доаѓа од 60 до 90 евра за истиот волумент. Освен тоа, се заштедува и со тоа што се кратува времето за градење.

- Advertisement -

Тимот ја претстави својата технологија на зграда со површина од 190 м2, која е најголемата во светот досега испечатена со вистински бетон. Зградата се наоѓа во Мускат главниот град на Оман, и била печатена во две фази. Заедно целиот проект се завршил за пет дена, а материјалите за изградба чинеле 1.600 евра. Ако истата зграда се печатела со вообичаените мешавини за 3Д печатење, истата ќе чинела 20,000 долари.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -