Јапонска компанија тврди дека лекот „ивермектин“ има антивирусни ефекти против корона вирусот

- Advertisement -

Јапонската фармацевтска компанија Kowa Co Ltd вчера соопшти дека лекот против паразити „ивермектин“ покажал антивирусни ефекти против омикрон и другите варијанти на корона вирусот во нивните заеднички неклинички истражувања.

Компанијата, која работела со Универзитетот Китасато од Токио на тестирањето на лекот како потенцијален лек за ковид, не дава други детали, пренесува Reuters. Клиничките испитувања на лекот се во тек, меѓутоа промоцијата на лекот „ивермектин“ како лек за КОВИД-19 предизвика контроверзии.

- Advertisement -

Лекот не е одобрен за лекување на КОВИД-19 во Јапонија, ниту во САД, а од американската Управа за храна и лекови, Светската здравствена организација и европските регулатори за лекови и Merck, кој го произведува лекот, предупредуваат на неговата употреба поради недостигот од научни докази дека навистина има терапевтски ефекти.

Во своите информации на веб страницата од 2021 година американската Управ за храна и лекови забележува се поголем интерес за употреба на лекот за превенција или лекување за корона вирусот, но истакнаа дека примиле повеќе извештаи за луѓе на кои им била потребна хоспитализација и друга медицинска помош после самостојното лекување со „ивермектин“.

- Advertisement -

Употребата на „ивермектин“ за лекување на КОВИД-19 моментално се истражува и во британско испитување кое го води Универзитетот Оксфорд. Тамошните истражувачи вчера истакнаа дека уште е во тек истражувањето и дека не сакаат да даваат коментари додека не добијат резултати за известување.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -